Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија.

На својата прва седница Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе рагелда преставка од граѓанин.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите
ќе го  разгледа Предлог Деловникот за својата  работа  и Предлог Одлуката за ангажирање на двајца технички експерти за постојана поддршка во Комисијата.

Пред Законодавно-правната комисија единствена точка на дневниот ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во второ читање. 

Треба да знаете
Последни објави