Ноќва нови тројца починати пациенти на инфективно одделение во Велешката Болница, објави СДК информираа од оваа здравствена институција. Сите тројца биле позитивни на ковид-19.
„Двајца пациенти се од Градско, мажи на 65 годишна возраст и на 79 години. Почина уште еден пациент, исто така маж, тој е од Велес на 89 годишна возраст“, изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани четири смртни случаи, еден беше од Свети Николе, тројца од Велес. Со ова бројот на почнати во велешко од коронавирусот е 23 лица.