Димитриеска Кочоска до Филипче: Вината за вашата неспобност да се справите со есенскиот бран на КОВИД-19 барајте ја во вашата министерка

Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка во техничката влада, преку Фејсбук му одговори на министерот за здравство, Венко Филипче кој ја обвини за сегашната криза со здрвствениот систем и корона кризата.

-Го гледам Венко Филипче како својата неспособност да се справи со кризата ја крие со мене, со оправдување дека моето блокирање на кредитот довело до оваа ситуација и тоа три месеци откако јас не сум во Владата и девет месеци откако знаеше дека ќе има есенски бран. Неспособен министер за смрт, многу добро сте запознаен со Законот за Влада на Република Македонија којшто кажува дека во случај кога има несогласување помеѓу министерот и техничкиот заменик министер се бара мислење од ДИК. Тука ја приложив и одлука на ДИК па народот нека види дека МОЈОТ ПОТПИС, по закон НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН. А вие одговорете зошто ВАШАТА министерка и покрај тоа што имаше право, а и време да го потпише кредитот, го одби и не го потпиша.

https://www.facebook.com/GordanaDimitrieskaKochoska/photos/a.114993173349441/207474684101289/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARAlV-ewwRY9WdebSiy0QY7e_r6sqkVcqIFHzHg1QfK0GuUL3sSNY3Wj7X_eIAzykNGoXJkoXZOKPZMedG1l9inu27byrOBlCbQxDe-nKPzLsjjwZShnvVh3XqlZklhlRik5rIuefope3dJucPZAX7Km-fNrvxn_L4_hv8TvV_mZN1HKMetfCj8AixfWUcrsz85SiE2IX9vlNcAiJYcnaO32l_jmH7_xkHetbTl-ECBDWewNBqnRv4KJtQIQbosR03Myg0UZ_FxLlA4GAeQsJxhuF1ku44iBbVy31Tc8xdu5vvxDJC0PdxX2V9Ln81gHZoeiU2xu0XfyD3KC7H2zzNU&__tn__=-R

Мислев дека еден универзитетски професор, неврохирург ќе има барем малку достоинство и ќе престане да се крие зад мене, а ќе се бори со најголемиот предизвик којшто го имаме денес. Ама, после овие неколку месеци се разочарав тотално од вас, не како министер (одамна се имам разочарано) ама и како проефесионалец кој својата неспособност ја префрла врз некој којшто врска нема со целата оваа ситуација. Министер кој е професионалец ќе искористеше до сега од таа 1,1 милјарда евра кои ги потпишав за да се бори против короната. Ама како што кажав, способен и квалитетен професионалец. Вие не сте ни едното ни другото. И сега немате некој нов Наќе или Гордана да биде изговор за вашата неспособност. Со други зборови ја оплескавте. И не ќе беше тоа толку страшно доколку таа ваша неспособност денес не се плаќаше со животите на луѓето кои се губат катадневно, а одат на вашата нечиста совест, напиша Кочовска.

 

 

 

 

 

Ако имате грам морал, како што сум убедена дека немате, наместо да ситните статуси за Гордана земете пенкало и напишете си ја вашата оставка. Што побрзо тоа подобро. Што поскоро, тоа повеќе луѓе ќе се спасат од вашата неспособност.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави