МИОА потпиша меморандум за соработка со МАСИТ

Министерството за информатичко општество и администрација потпиша меморандум за соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ).

Двете страни се обврзуваат дека ќе соработуваат во насока на забрзување на развојот на ИКТ секторот во земјава, воведување на современи технологии, подигнување на нивото на дигиталната писменост кај граѓаните преку организирање на обуки, истражувањe за развој на техничко – технолошките достигнувања и организирање на обуки за стручно усовршување на ИТ кадри. Дел од меморандумот е и учество на ИКТ индустријата во подготовката на законите и давање на експертски мислења од ИКТ областата со акцент на дигитална трансформација на комуникациите и подобрување и олеснување на процесот на јавни набавки во ИКТ.

Треба да знаете
Последни објави