Oбвинителството во Загреб поднесе обвинителен акт против пеачката Северина Вучковиќ за две кривични дела наметливо однесување. Ова денеска за Јутарњи лист го потврдила портпаролката на Општинскиот кривичен суд.
Обвинението се уште не е правосилно бидејќи допрва треба да биде доставено до странките за одговор, а по пристигнувањето на изјавата на Северина ќе се свика обвинителен совет кој ќе одлучува за основаноста на наводите во обвинителниот акт.
-Во врска со вашето барање, наведуваме дека Општинското кривично државно правобранителство во Загреб на 16 мај 2022 година поднесе обвинителен акт против хрватски државјанин (1972) за две кривични дела наметливо однесување од член 140 став 1 од Кривичниот законик пред општинскиот Кривичниот суд во Загреб Кривичните дела се сторени на штета на двајца хрватски државјани (1963 и 1957 година).стои во соопштението од судот.
Иако во обвинителството не е наведено, се работи за случај кога пеачката ѝ испраќала СМС пораки со навредлива содржина на Љиљана Клингер, директорката на основното училиште во кое одел нејзиниот син, но ѝ се заканувала дека ќе ја задави со раце.
Северина за нејзиното наметливо однесување пријава добила и од поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и младинци на град Загреб, Гордана Буљан Фландер.
Во меѓувреме, Северина јавно во медиумите призна дека реагирала недолично, но подоцна возврати со кривична пријава против Клингер и Буљан Фландер.
За кривичното дело е предвидена затворска казна до една година.