Позитивните оценки за Северна Македонија во Годишниот извештај на Европската Комисија беше добра вест, но тоа е уште една силна причина повеќе да се работи уште повеќе на спроведување на реформите и на успешна завршница на подготовките за првата меѓувладина конференција во декември, беше истакнато на онлајн средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји.
На средбата беше речено дека Северна Македонија во принцип е задоволна од предлогот на Европската комисија за Рамката на преговорите што треба да ја усвои Европскиот Совет во ноември и дека е уверена дека клучните важни елементи поврзани со идентитетските прашања ќе бидат во согласност со европските вредности.
Владините претставници на оваа онлајн средба го поздравија Извештајот на Европската Комисија за земјата како објективна и сеопфатна проценка на вкупното ниво на усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, како и констатираниот напредок за време на извештајниот период.
„Идентификуваните областите на кои им треба понатамошна работа, препораките и насоките, како и секогаш, ќе бидат преведени во нашата агенда за реформи, особено во клучните области на судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал”, рече премиерот
Заев на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување Вархеји.
На средбата беше соопштено дека Владата подготвува детална анализа што ќе биде основа за ревизија на Националниот план за усвојување на правото на ЕУ како клучен стратешки документ што ги дефинира реформските приоритети, временските рокови и потребните ресурси за процесот на пристапување во членство во ЕУ.
Приоритет на Владата за следниот период, беше речено на онлајн средбата со Вархеји, е понатамошното унапредување на агендата за реформи на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот, на граѓанското општество и на меѓународните партнери.
Како исклучително значаен на оваа средба со еврокомесарот Вархеји беше оценет Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан од 9 милијарди евра претежно за поголемите инвестиции во инфраструктурата со регионално влијание, наменети и за економско закрепнување на регионот заради последиците од пандемијата со КОВИД-19.
Еврокомесарот Оливер Вархеји на средбата ја искажа неговата, и силната поддршка на Европската Комисија за нашата посветеност во остварувањето на европските стандарди во сите области, и изрази очекување дека во претстојниот период ќе се завршат сите подготовки и усогласувања за да се одржи првата меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на затворањето на поглавјата за нашето членство во ЕУ.