На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности.
Премиерот Заев се заблагодари за охрабрувањето кое што е секогаш добредојдено и важно, посебно кога се работи за реализацијата на клучните стратешки државни цели.
„Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата, посветени сме на заштитата на јавното здравје. Нашите искрени политики на дијалог ги покажуваат европските вредности што ги застапуваме и веруваме дека тие ќе овозможат натамошен развој на земјата”, рече премиерот Заев.