Срамно е СДСМ да пушта соопштение и да се фали пред народот дека нивните политики обезбедуваат раст на платите во време на кризата поврзана со КОВИД-19.
Поради погубните политики од месец март односно од почетокот на корона кризата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.
Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари
Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра.
Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.
Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.