Oд Ургентниот центар Гостивар пријавиле во полициската станица Гостивар, дека вчера попладне кај нив донеле починато лице.
Според пријавеното, во чајџилница во Гостивар, на И.Р.(78) од Гостивар кој бил гостин во објектот во еден момент му се слошило. Потоа со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Гостивар, каде што од страна на лекар била констатирана смрт – информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.