Санкционирани 218 возачи во Драчево

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Треба да знаете
Последни објави