Националната дирекција за цивилна заштита во Хрватска ги објави најновите податоци околу коронавирусот. Во последните 24 часа се регистрирани рекордни 2242 случаи на Ковид-19, a починале 16 лица.
Според најновите податоци, во моментов во Хрватска 731 пациент е на болничко лекување, додека 52 пациенти се на респиратор.
Активни случаи во Хрватска во моментов се 9745. Во самоизолација се вкупно 27967 лица.
Во оваа земја се тестирани вкупно 437.048 лица.