Интегрален текст од изјава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Неработењето и неисполнувањето на ветувањата на Благој Бочварски беа мотивот Зоран Заев да препознае дел од себе кај него и да го постави штипскиот градоначалник за министер за транспорт и врски во владата на СДСМ. Бочварски и СДСМ во трите приоритети како главни проекти за градот ветуваа жичница, жичара до Исарот. Четврта година по изборите, тука има само скали до тврдината. А ова е фотографијата од Бочварски како токму тука ветуваше изградба на туристичка атракција, жичница до Исарот.
И неа секако ја нема, како што ги нема ниту браната на Отиње, ниту гасификацијата, ги нема паркинзите, го нема ветуваниот АКВА парк, и ред други проекти искористени само како изборна лага. Жичницата до тврдината Исар над Штип денеска е токму тоа, предизборна лага на СДСМ.
Штип пропаѓа како град и како општина, затоа што СДСМ и Бочварски ниту ги интересираат проблемите на граѓаните, ниту ги интересира тоа што го ветуваа, ги интересира само едно, а тоа е фотелји и пристап до државните пари. Се што рекоа, за се излажаа.
Жичарата на Исарот за Штип но и за Македонија ќе остане запаметено како еден сатиричен спомен од неуспешен мандат на Градоначалник од СДСМ во Штип. Жичарата до Исар е симбол на лажни ветувања на СДСМ за Штип. Лагите и манипулациите на СДСМ не смеат повторно да надвладеат. Доаѓа време кога Штип и граѓаните повторно ќе бидат во фокусот на локалните власти.