Во последните 24 часа, 757 лица во Србија се заразиле со коронавирус, а починале уште три лица.
Вчера во Србија биле направени 6.882 тестови.
Според последните податоци на Министерството за здравство, има 23 пациенти на респиратори во здравствени установи низ целата земја.
Денешните податоци покажуваат скок на бројот на новозаразени за 178 пациенти во споредба со вчера, кога беа тестирани 8.209 лица, 579 беа позитивни, а тројца починаа.