Ниту македонскиот јазик, ниту Гоце Делчев не не ги кочат преговорите помеѓу Бугарија и Македонија. Најголемиот проблем е периодот на втора светска војна каде тогашна Голема Бугарија ги избрка евреиите од Скопје во логорот Треблинка. Бугарија сака одговорноста за ова да ја превземе Македонија, изјави историчарот Скендер Асани во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21.
-Главниот спор меѓу Македонија и Бугарија е периодот на Втората светска војна, односно истерување на 7 илјади 189 евреи од Скопје до Треблинка. За холокауст? Да. Зошто? Во Втората светска војна беше голема Бугарија и Скопје беше под бугарска окупација“, вели Асани.
Според него, македонско-бугарската комисија e голема грешка затоа што само политиката може да донесе решенија, а единствено решение е формирање на постојани канцеларии во Софија и во Скопје.