Тимот на Шалке 04, кој сезонава има просек од речиси четири примени голови по натпревар во Бундеслигата, на гостувањето кај соседот Борусија Дортмунд се држеше 55 минути, а потоа Аканџи, Халанд и Хумелс дадоа голови за чисти 3-0 за Борусија која со новите три бода се изедначи со Баерн Минхен по бројот на бодови.
Средбата се играше со ограничено присуство на публика, а интересно е што на трибините се најде и навивач на Шалке. Официјално е забрането присуство на гостински навивачи, но тоа важи за организирани групи, не и за поединци. Фанот на клубот од Гелзенкирхен, „мртов-ладен“ си седеше на трибината, опколен од навивачи на Борусија.
Веројатно не му беше пријатно чувството, ниту му беше убаво да го гледа второто полувреме, но барем ќе се фали дека бил на стадион, што во овие услови е луксуз.