Општината Шуто Оризари утрешниот ден (25.10) ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам, а во 10 часот во општината ќе се одржи комеморативна седница, дознава ММС.
Амди Бајрам и покрај препораките на Министерството за здравство, ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел. Како што информираат блиски на семејството погребната поворка ќе тргне од неговата куќа во 14 часот.