Со голема автомобилска поворка поранешниот пратеник, Амди Бајрам е испрaтен до вечното почивалиште на гробиштата во Бутел.
Поворката трга од семејната куќа на Бајрам во Бутел, па откако помина низ Шуто Оризари,каде согражаните му одадоа последна почит се упати кон гробиштата.
Габриел Бајрам повика достоинствено да биде погребан неговиот татко, но и да се почитуваат мерките со одржување дистанца и носење на маски.
Како и кај домот на Бајрам, така и кај гробиштата во Бутел беше видливо присуство на полицијата. Во Шутк знамињата се спутени на половинаа копје во чест на Амди Бајрам.
Фото: Слободн Ѓуриќ