За првпат во Унгарија повеќе од 3.000 новозаразени, засега карантинот не е опција

Унгарија соопшти дека има 3.139 нови случаи на зараза со коронавирус, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата, надминувајќи 3.000 за првпат.

Вкупниот број на заразени се искачи на 59.247 во државата со 10 милиони жители. Со 35 нови смртни случаи, вкупно 1.425 лица досега починаа од Ковид-19 во земјата.

Иако бројот на заразени нагло се зголеми од крајот на август, унгарскиот премиер Виктор Орбан се обидува да избегне повторување на пролетниот карантин што предизвика пад на економијата за 13,6 проценти во вториот квартал.

Унгарските училишта работат нормално, а покрај затворањето на границите за странци, владата не го ограничи значително одржувањето на настаните.

Шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас, во четвртокот рече дека владата не планира нови ограничувања за спречување на ширењето на вирусот и дека училиштата ќе се отворат како и обично по есенскиот распуст, кој завршува на 1 ноември.

 

Треба да знаете
Последни објави