Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов има коронавирус. Ова самиот го објави со статус на Фејсбук.
„Имам општа слабост, во моментот, по укажување на лекарите, останувам на домашно лекување. Иако официјално е укинат мојот карантин, во петокот ги одложив сите состаноци и јавни настани за наредните денови. По два PCR-теста од денес сум позитивен на COVID-19. Во принцип, имам општа слабост и лошо се чуствувам, во моментот, и по совет на лекарите, останувам на домашно лекување. Сите контакти со мене се доставени до РЗИ. Сигурен сум дека следејќи ги мерките, ќе се справиме заедно, додаде Борисов.
Тој и уште три министри од неговата влада беа во самоизолација, откако биле во контакт со заменик министерот на градежништво Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирусот. Борисов три дена по ред имаше негативен тест на коронавирус, пред да биде позитивен.