Додека ние се менуваме, внесуваме нови современи пракси, додека ја зајакнуваме демократијата, отвореноста и отчетноста на партијата, кај нашите политички противници ништо не се менува, порача претседателот Зоран Заев на 25. Конгрес на СДСМ.
„Во јавноста преовладува мислењето дека на СДСМ и одговара Мицкоски да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што тоа е гарант за нови победи на партијата. Ние сме свесни дека Мицкоски нема поддршка од граѓаните, но СДСМ мисли на државата а не на своите партиски интереси. А за државата е добро да има прогресивна опозиција, која нема да го кочи напредокот, нема да ја кочи интеграцијата во ЕУ, која ќе биде одговорна, а не деструктивна.
Последните случувања околу измените на Законот за заштита на населението е последниот доказ за тоа. Мицкоски се противи мерките кои треба да ни го заштитат здравјето. Со овој потег, Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажуваат колкава опасност се за нашата земја, за нашиот народ. Овој пат се опасни по јавното здравјте. Не им е важно здравјето на граѓаните, свесно и намерно работат да го поткопуваат здравствениот систем. Тоа го правеа и во техничката влада, го прават и сега како опозиција во Собранието. Еве нека гледаат нас и нека научат нешто, нека земат слободно идеи, само нека запрат со штетата која и ја прават на македонската држава. Да запрат со нападите врз демократијата, светоста на Северна Македонија” посочи Заев.
Претседателот Заев ги повика и другите партии да го следат примерот на СДСМ и да се менуваат да го зглемуваат степенот на демократија затоа што тоа е во интерес на државата и граѓаните,
„Со овој Конгрес и со предлог измените СДСМ поставува нови демократски стандарди на партиско делување во Република Северна Македонија. Ги охрабрувам и другите партии да го следат нашиот пример и да се менуваат на подобро. Тоа ќе биде додадена вредност за нашата македонска демократија и за нашиот политички плурализам” заклучи Заев.