Адвокатот Јовица Страшевски, кој е член на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес конференција пред седиштето на партијата и повика на обединување, да престане поделбата на љупчовисти, грујовисти и мицковисти. Тој му даде рок од седум дена на лидерот Христијан Мицкоски да повика и да го поведе членството на партијата на масовни протести против власта.
Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Страшевски.
„БРАЌА И СЕСТРИ Македонци,албанци, турци, роми, срби, власи и останати, браќа и сестри правoославни христијани, католици, муслимани, браќа и сестри од сите политички партии, здруженија , движења, дојде време да се обединиме и силно да застанеме на браникот на татквината како тоа што го правеле нашите предци, од целосно економско, социјално и национално уништување на Македонија Македонија не повикува сите на единство без разлика на нашата верска , етничка, или политичка припадност во одбрана на татковината ,формирање на македонска нација и спречување на целосно економско, социјално и национално уништување.
Повикувам на ОБЕДИНУВАЊЕ!!! Браќа и сестри МАКЕДОНЦИ, браќа и сестри членови на ВМРО ДПМНЕ доста е од поделби на љупчовисти, груевист и мицковисти, доста е од иницијативи за вонредни конгреси , од идеи за наводни реформи, концепти, фракции , доста е од игри местенки подметнувања доста е од отстранување на ВМРО ОД ВМРО ДПМНЕ, доста е од тргање на страна на чесните чистите и правите патриотски настроени Македонци ДОСТА Е!!!
Денес се собравме само еден мал дел од искреното партиско чесно членство на ВМРО ДПМНЕ да го кренеме гласот за иднината на Македонија за иднината на вистинското правото исконското ВМРО. Не е христијански ни природно за ни еден Македонец , нити за еден чесен искрен ВМРОВЕЦ да ја уништува сопствената партија сопствената држава, поради нетрпеливост кон една личност или неколку личности за каква и да е ветена моќ или богаство.
Секој член на ВМРО ДПМНЕ е спремен да застане зад Македонија зад правото и вистинско ВМРО
Како што тоа го направија уставобранителите кој не се и никогаш нема да бидат терористи и кои треба и мора да имаат фер судење за да ја докажат својата невиност но праведната борба за татковината. НИ ТРЕБА ОБЕДНУВАЊЕ!!!
Едноумието и неможноста да се трпи било каква критика не води кон никаков прогрес туку кон една состојба на одсуство на демократија Одсуството на демократија во партиите повлекува и одсуство на демократија во државата. Единствено ослободени од минатото и освежени со надеж, можеме да ја живееме сегашноста и да размислуваме за иднината
Да ги оставиме грешките зад нас да не се навраќаме на минатото, иднината на нас и нашите деца е во силно ВМРО за ВМРО за Македонија.
Денешниот собир не е за да правиме нови поделби во ВМРО ДПМНЕ, не е за да бараме оставки или вонредни конгреси, не е собир за разединување ова е собир на кој повикуваме на разбирање од актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ за да го повика , разбуди и поведе членството на масовни протести против оваа ненародна Влада, до конечна победа на ВМРО ДПМНЕ
Сакам да го повикам Христијан Мицковски како Претседател на ВМРО ДПМНЕ да не чека туку веднаш денес без двоумење без одлагање да го повика членството на масовни протести против СДСМ само така ќе покаже лидерство и ќе ја зачува моќта на ВМРО ДПМНЕ како најголема и најмоќна партија. Ако ова не го направи претседателот на ВМРО ДПМНЕ тогаш ние членовите на ВМРО ДПМНЕ ќе бидеме приморани сами да го повикаме членството на масовни протести против оваа влада и СДСМ,ви ветувам од денес нема да е се исто нема да има еден мирен ден за оваа ненародна влада, 7 дена се доволни за да се направи еден голем чекор напред. Овие 7 дена не се ултиматум, уцена, нити повод за нови поделби во ВМРО ДПМНЕ, туку се доволен период да ова раководство на ВМРО ДПМНЕ тргне во едно историско обединување не само внатрепартиско туку и сенационално обединување.
Но доколку Христијан Мицкоски не го прифати овој наш повик и во рок од 7 дена не го повика членството на обединување и масовни протести се до конечен пад на СДСМ и оваа ненародна влада, ќе ја понесат одговорноста за пропустената шанса за внатрепартиско и национално обединување. ВМРО ДПМНЕ од денес е повторно на нозе во одбрана од целосно економско, социјално и национално уништување на Македонија.Од денес нема никој да дозволиме да го разнебитува ВМРО ДПМНЕ, нема да дозволиме никој да се обидува да го клекне ВМРО ДПМНЕ на колена,од денес нема назад, од денес ВМРО ДПМНЕ мора да биде посилно обединето до конечна победа.
Рака подаваме за обединување заедничко делување до конечна победа не само во Штип туку во цела Македонија
Една идеја за ВМРО
Едно ИМЕ
Еден НАРОД
Една НАЦИЈА
Една држава
ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА