Тренерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Лајпциг, Јулијан Нагелсман може да го преземе кормилото на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, пренесува „Daily Mail”.
Според изворот, 33-годишниот Германец може да го замени Пеп Гвардиола ако Шпанецот одбие да го продолжи договорот со „граѓаните”.
Друг кандидат за тренерската позиција во Сити е поранешниот предводник на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Нагелсман го предводи Лајпциг од летото 2019 година. По пет кола, тимот води во Бундеслигата со 13 бода.