Упатства за демарш до Турција дал министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по новата турска навигациска информација Навтекс за истражувања во Источниот Медитеран, соопштија од грчкото МНР.
Паралелно ќе бидат информирани и сојузниците и партнерите на Грција за турското однесување.
Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштуваат дека „новата нелегална Навтекс од турска страна, со која го обврзува морскиот дел во грчкиот континентален гребен јужно од Родос за да врши нелегални сеизмички истражувања, по којзнае кој пат покажува дека Турција со своето континуирано и ескалативно провокативно однесување целосно ги игнорира основните правила на меѓународното право”.
– Грција недвосмислено го осудува ова неприфатливо однесување, што во суштина дополнително ја оддалечува перспективата за конструктивен дијалог, велат од грчкото МНР и бараат Турција да ја отповика издадената навигациска информација.