Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 828 нови случаи на коронавирус, додека починале дури 15 лица. Тестирани се 3.973. Моментално во Хрватска има вкупно 10.919 активни случаи, а меѓу нив 864 пациенти се во болница, од кои 65 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 37.208 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 452 починаа.
Вкупно се опоравиле 25.837 лица, од кои 1.038 во последните 24 часа.