Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
„СДСМ вчера го одржа 25иот Конгрес, кој за првпат се одржа дигитално, на далечина со што се испочитуваа мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Со тоа, поставивме нови стандарди во поглед на организација, дигитализација и партиско делување во Република Северна Македонија. И додека СДСМ согласно Статутот одржува Конгрес по изборите на кои победи, губитникот Христијан Мицкоски бега и од самата помисла да одржи Конгрес на партијата иако тоа од него го бара сериозен дел од членството.
Со статутарните измени, СДСМ покажа дека знае и да победува и да се менува, партијата дополнително се демократизира и се отвора кон членството и граѓаните. Во исто време, во ВМРО-ДПМНЕ се е исто, тоа е партија која нема капацитет ниту волја за реформи, за унапредување на внатрепартиска демократија. Со политиките на СДСМ државата оди напред. Денес сме 30 земја членка на НАТО и наскоро започнуваме преговори за членство во ЕУ. Со ВМРО-ДПМНЕ има само враќање назад, назад кон изолација и неизвесност.
СДСМ е отчетна партија, посветена на правда, ред и дисциплина, затоа воведуваме Кодекс за однесување на членовите на СДСМ. Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ е длабоко заглавена во криминалната матрица, партијата предводена од Мицкоски знае само да го брани криминалот и криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова, почитувани, се огромни вредносни разлики. Затоа СДСМ во последните години постојано ја добива довербата од граѓаните, затоа Мицкоски губи три пати по ред на избори, затоа неговата ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе остане таму.