Раководството на актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид е подготвено да го продолжи договорот со капитенот на тимот Серхио Рамос. Сепак, клубот од Мадрид на 34-годишниот Шпанец му нуди едногодишен договор, пренесува „АС”.
Актуелниот договор на дефанзивецот важи до 2021 година. Клубот има намера да ја продолжи соработката до летото 2022 година.
Страните ќе потпишат нов договор кон крајот на годината, но опцијата Рамос да замине во идниот летен преоден рок сепак е можна.
Рамос освои 22 трофеи со „кралевите”: пет шампионски титули во Шпанија, два Купа и четири Суперкупа на домашната сцена, четири ЛШ, три УЕФА Суперкупа и четири трофеи на Светското клупско првенство.