Утринава во 08:30 часот починал вториот свештеник кој беше потврден на инфекција со коронавирусот. Тој беше на возраст од 58 години. Бил примен во велешката болница пред 4 дена на инфективно одделение. За цело време на престојот на инфективното одделение поради ниска сатурација бил на кислородна поддршка. Изутринава поради акутно влошување на состојбата со кардиореспираторно попуштање починал. Со ова бројката на починати во Велес и велешко достигна 24.