Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс е во самоизолација. Тој беше тестиран на коронавирус, изјави владиниот портпарол Јелкo Кацин, кој на прес-конференцијата истакна дека првиот тест на Хојс за коронавирусот е негативен, пренесува 24UR.
Хојс требаше да ја објасни новата регулатива за ограничувања на движењето меѓу општините на денешната прес-конференција.