Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Светска Банка на 27-28.10.2020 ќе биде домаќин на третата годишна конференција за Едношалтерски систем за размена на податоци на која учество земаат високи претставници од земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои помагаат во спроведувањето на олеснување на трговијата на Западен Балкан. (ОН, Светска Банка, ЦЕФТА и ЕУ)
Следејќи ги препораките на двете претходни работилници кои се одржаа во 2018 и 2019 година, на оваа конференција ќе бидат разработени препораките за поттикнување на имплементацијата на меѓународните стандарди за размена на податоци.
Ова претставува клучна конференција со оглед на тоа што Република Северна Македонија, Албанија и Србија од минатиот месец го започнаа проектот за развој на нов едношалтерски систем – Single Window за издавање на дозволи и одобренија при увоз или ивоз на стоки, што треба да придонесе за значително подобрување на деловната клима и побрзо движење на стоки преку граница.