Девојката на холивудскиот актер Бред Пит (56), Никол Потуралски (27) е фотографирана со нејзиниот сопруг Роланд Мари (68) пред неговиот ресторан во Берлин. И двајцата биле добро расположени, опуштени и не ги симнувале насмевките од лицето.
Германската манекенка била видена како излегува од ресторанот „Борчард“ со својата пријателка, а потоа ѝ се придружил и нејзиниот сопруг со кого е во брак осум години.
Тоа беше нивно прво заедничко појавување откако во јавноста протече нејзината романса со актерот Бред Пит.
Странските медиуми пред неколку месеци открија дека новата девојка на Бред Пит е веќе омажена и има син, но дека нејзиниот сопруг Роланд не е љубоморен и не се грижи за нејзините вонбрачни афери.
https://www.instagram.com/p/CGupAZuj1mJ/
Тие, наводно, имаат „отворен брак“, а Никол го запознала Роланд во неговиот луксузен ресторан, исто како и Бреда. Роланд очигледно има повеќе искуство со романтични искушенија и љубовни проблеми, бидејќи зад себе има четири пропаднати бракови.
– Роланд е филозофски тип на човек. Тој бил во брак неколкупати и има пет деца. Тој не е заинтересиран за негативност или љубомора. Тој и Никол сè уште се во брак, но нивната врска можете да ја опишете како отворен брак. Не постои напнатост помеѓу Никол и Роланд, сè е во ред помеѓу нив – рекол неговиот близок пријател…
Преземено од +инфо