Во гостувањето на ТВ 24, Фатмир Бесими истакна дека очигледно е дека станува збор за пандемија од најголеми размери и треба да се навикнеме на новите импликациите врз начинот на живеење.
-Станува збор за една пандемија од најголеми размери, Ковид-19 наметна нов начин на живеење, нема брзо да се реши, за вакцините и лековите ќе треба време така што ова оди на бранови, веќе сме на следен бран на зголемување на ковид и треба да го сфатиме сериозно од аспект на здравјето. Работата е сериозна, веќе секој од нас знае некој близок пријател или роднина кој заминал од овој свет заради компликации со овој опасен вирус.
Во почетокот многу работи не се знаеја и мораше да се оди на локдаун и тоа на светско ниво многу земји го применија. Во овој период имаме многу повеќе информации кои се карактеристиките и како да се заштитиме од вирусот. Во оваа фаза мислам дека треба да се дефинираат јасни протоколи и уште поважно е тие да се почитуваат. Нема да го решиме проблемот ако се затвараме, рече Бесими.