На Европа и треба некое „сериозно забрзување” во борбата против коронавирусот, но Светската здравствена организација е сè уште оптимист и се надева дека европските земји нема да мора да влегуваат во национални блокади.
– Се уште се надеваме дека земјите нема да мора да влегуваат во таканаречените национални блокади, рече Марија Ван Керков, технички директор на СЗО за Ковид-19, на онлајн брифинг, одговарајќи на прашање за растечкиот број случаи во Европа.
Според неа, во моментов заостануваме зад овој вирус во Европа.
– За да го надминеме потребно е сериозно забрзување во преземањето мерки, рече директорката на Светската здравствена организација за вонредни состојби.