Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи својата педесет и седма седница. На дневен ред на ова седница се 28 точки. Од прес службата на Град Скопје, информираат дека на седницата ќе се дискутира и изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2020 година. Исто така, на дневен ред се и неколку точки за воспоставување на меѓу општинска соработка помеѓу Град Скопје и општините Гази Баба и Сарај.
Советниците воедно ќе дискутират и за годишните планови за вработување во 2021 година во јавните претпријатија и културните институци кој што се под раковоство на Град Скопје.