Сопругата на ерменскиот премиер посетува воена обука, ќе оди на фронт   

Ана Хакобијан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашињан, најави дека од денеска ќе посетува воена обука, заедно со уште 12 жени и ќе отиде во Нагорно-Карабах.

– Одред од 13 жени, вклучително и мене, почнува воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина ниту нашето достоинство нема да се повлече пред непријаелот, напиша Хакобијан на Фејсбук.

Кога беше објавено дека синот на ерменскиот премиер Ашот Пашињан заминува на фронт, Хакобијан изјави дека нема ништо поблагородно од да се даде животот за татковината.

– Му кажав: Да, сине облечи униформа и оди. Јас те обожувам, но нема ништо поблагородно од да се даде животот за татковината. Не знаев каква е таму ситуацијата и дали ќе можеме да се слушаме. Но, тој не замина и одреден е подоцен датум за негова регрутација, но и понатаму стојам зад своите збориви, напиша Хакобијан на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави