Италија– Бившиот претседател на италијанската влада во Милано го ожени најмалиот син Луиџи (32). Силвио Берлускони не присуствуваше на раскошната свадба, го чека вториот тест на коронавирус откако беше позитивен. Иако сите гости ги почитуваа мерките на претпазливост и носеа маски, убаво се забавуваа.
Невестата е Федерика Фумагали (31), бизнисменка која со Луиџи се знае од факултет и по 9 години врска ја крунисаа љубовта. Најмногу внимание предизвика нејзиниот наедно раскошен и романтичен венчален фустан со пуф ракави и старинска крагна на Алесандра Рич. Федерика заради убавиот стил на облекување ја викаат и Лејди Милано.