Тренерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Менхенгладбах , Марко Розе, пред вечерашниот дуел од 2. коло во групната фаза од Лигата на шампионите со шпанскиот Реал Мадрид ја истакна важноста на пресметката со тимот на трофејниот стратег Зинедин Зидан.
Тој исто така додаде дека е потребно да се земе предвид искуството од првото коло против Интер.
– За мене е голема чест да се соочам со такви играчи и таков тренер како Зинедин Зидан. Тој има многу искуство и секогаш е ладнокрвен. Историјата и традициите се високо ценети во нашиот клуб, но тие нема да ни помогнат утре. Фокусирани сме исклучиво на претстојната игра. Реал Мадрид има многу одлични играчи. Ќе биде многу тежок натпревар. Предолго покажувавме респект кон противникот на натпреварот против Интер. Но, можеме многу да научиме од овој натпревар. Ова може да ни помогне да постигнеме позитивен исход го цитира Розе, прес-службата на УЕФА.
Натпреварот Борусија Менхенгладбах – Реал Мадрид од 2.коло во Лигата на шампионите се игра вечер со почеток од 21 часот.