Еден од најважните елементи во филмовите се негативците, спротивставени на главните ликови. Тие можат да се појават во многу различни облици и улоги – од сериски убијци, банкари и опседнати вљубени жени, до научнофантастични чудовишта.
Порталот „Бизнис инсајдер” состави список на „најдобри”, односно најзлобни или најсмртоносни филмски негативци. На прво место е Дарт Вејдер од „Војна на Ѕвездите”.
Меѓу најголемите 10 филмски негативци, на второто место се наоѓа противникот на Бетмен – Џокер, а по него следуваат Антон Чигур (од „Нема земја за старци”), Ханибал Лектор („Кога јагнињата ќе стивнат”), и на петто место – ајкулата од хорор-серијалот „Ајкула”.
Од 6. до 10. место следуваат Амон Гете од „Шиндлеровата листа”, терминаторот од „Терминатор 1″, Алекс Форест („Фатална привлечност”), Норман Бејтс („Психо”) и на десетото место се наоѓа банкарот, г-н Потер во филмот „Прекрасен живот”.