Напаѓачот на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн ги сподели своите размислувања за изгледите на „Спарс“ оваа сезона.
– Мислам дека Тотенхем е во фаза каде што сите во тимот се многу блиску до идеална фудбалска зрелост. Многумина од нас играат заедно веќе четири или пет години. Оваа година се направени одлични аквизиции, сите ние стекнуваме искуство. Знаеме дека со овој тим и играчи можеме да постигнеме нешто посебно, изјави Кејн.
Тотенхем е петти на табелата во Премиер лигата по шест кола, со 11 бода, два помалку од водечките Евертон и Ливерпул.