По неколку месечна пауза од играње на официјални натпревари македонскиот претставник во ракометната Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) му гостува на данскиот ГОГ Гудме.
По пристигнувањето во Данска, експедицијата на „фармацевтите“ предводена од тренерот Жељко Бабиќ одржаа полесен тренинг и се запознаа со салата каде што ќе се игра вечерва премиерниот меч во новата сезона на меѓуанродната сцена.