Еден ден по насилните протести против заострувањето на анти-ковид мерките во неколку италијански градови, премиерот Џузепе Конте тврди дека мерките остануваат во сила.
Тоа е тешка одлука на премиерот, кој се најде под притисок на експерти кои тврдат дека требало да се преземат поостри мерки порано затоа што вирусот се шири експоненцијално, а од друга страна се и барањата и протестите од сопствениците на оние активности кои ќе претрпат штета поради мерките.
„Се чини дека оние што протестираат не се свесни за ситуацијата“, изјави министерот за култура Дарио Франческини за агенцијата Анса.
Денес премиерот Конте ќе прими и ќе разговара со делегација на сопственици на барови, ресторани, спортски сали и културни институции кои исто така се противат на мерката за затворање, за да го објасни во директен разговор она што веќе го кажал за медиумите – дека строгите ограничувања се донесен како последно средство и за да се избегне карантин.