Ник Кенон откри дека бил на консултации за трајна стерилизација.Поранешниот водител на „Америка има талент“ призна дека размислува за таков потег бидејќи, како што рече, „не сака целосно да ја насели Земјата“ откако доби седум деца со четири жени и очекува осмо со својата девојка Бре Тиези.
Додека се појавува на „Е! њус: Дејли поп“, 41-годишниот водител, комичар, актер и рапер призна дека бил на консултации за хирушки зафат.
Ник, кој има 11-годишни близнаци со поранешната сопруга Мараја Кери, петгодишен син и 17-месечна ќерка со поранешната сопруга Британи Бел и деветмесечни синови близнаци со Аби Де Ла Роса, додаде: „Не сакам целосно да ја населам Земјата, но дефинитивно се радувам што ќе се грижам и ќе ги сакам сите деца што ги имам во моментов“.
„Не знам дали би го дизајнирал на овој начин, но тоа е една од оние работи кога сте благословени со подароци – деца, јас поминав низ толку многу. Наоѓам утеха, наоѓам мир во моите деца и наоѓам цел,“ рече Ник.