Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на Собранието на Република Северна Македонија финансиски поддржана од страна на Швајцарката Конфедерација, склучен е договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.
Како што информира собраниската прес-служба, потребата за оваа набавка е со цел зголемување на квалитетот на работата на Собранието, особено во делот на можностите за неговата отвореност и транспарентност кон граѓаните.
-Благодарение на нашите пријатели и поддржувачи го трансформираме Собранието за сите наши граѓани да имаат отворена, одговорна и инвентивна законодавна власт, стои во соопштението.
Вредноста на набавката е околу 11,5 милиони денари без пресметано ДДВ, а критериум за додлување на договорот е најдобар однос меѓу цена и квалитет.