Новинарот Александар Видиновски од денеска е нов портпарол на Министерството за правда и посебен советник за односи со јавноста на министерот Бојан Маричиќ.
Видиновски е дипломиран комуниколог, новинар со повеќегодишно искуство во неколку национални медиуми, а работел како репортер, уредник на вести и водител на политички емисии.
Тој беше дописник за Медиумската информативната агенција – МИА од Љубљана.