Русија апелира до земјите-членки на НАТО внимателно да ја проучат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за деескалација на тензиите во врска со распоредување ракети со среден и краток дострел и неговиот предлог за воспоставување меѓусебни инспекции на ракетните системи, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– За почеток, апелираме руските иницијативи внимателно да се проучат и подготвени сме да дадеме дополнителни објаснувања на нашите предлози. Остануваме отворени за конструктивна соработка врз принципите на еднаква и неделива безбедност и рамнотежа, со цел да ги намалиме негативните последици од неуспехот на Договорот за нуклеарни средства со среден дострел, се вели во соопштението.
Руското Министерство за надворешни работи исто така додаде дека „очекува земјите членки на НАТО, особено Германија, да покажат одговорност”.