Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска објави дека е позитивна на коронавирус.
„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и изнемоштеност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и, за жал, резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде што постојано носев заштитна маска.
Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесно ранливи. Чувајте се“, напиша Петровска.