Со пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (22.10 – 28.10.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 239 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 308 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

Треба да знаете
Последни објави