Најголем дел од кошаркарите, вклучително и „суперѕвездите” во најсилната лига, се за почеток на новата сезона во НБА на 18 јануари, објави „Јаху Спорт”.
Во овој случај, пазарот на слободни агенти ќе се отвори на 1 декември.
Националната кошаркарска асоцијација разгледува различни опции за почеток на новата сезона. Одборот на гувернери на Лигата сугерира дека сезоната 2020/21 може да започне на католички Божик (25 декември).
Комесарот Адам Силвер рече дека почетокот на шампионатот со навивачи на трибините повеќе не е приоритет, бидејќи може да го помести распоредот .