Шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис, од вчера попладне се наоѓа во самоизолација откако бил откриен случај на Ковид-19 во неговото блиско професионално опкружување. Информацијата ја соопшти Министерството за надворешни работи на Кипар на официјалниот „Твитер” профил.
Христодулидис во вторникот учествуваше на трилатералната средба во Атина на шефовите на дипломатиите на Грција, Израел и Кипар.