Во соработка со општествено одговорни копмании, општина Ѓорче Петров обезбеди дополнителни 108 смарт таблети за следење на онлајн наставата. Денеска во просториите на општината, осум компании донираа табелти за училиштата.
Огромна благодарност до Еуро Актива ДОО Скопје, Турбоинженеринг, Пирамид Билдинг Солутионс, Циле Инжењеринг, Магнус Инженеринг, Електрокоп, АД Енергомонт, ДТ Стокомак, кои безрезервно се приклучија на нашиот повик. Ова се особено тешки времиња за учениците, но и за нивните семејства, наставници кои мора да се прилагодат за следење на онлајн наставата, за што е неопходна соодветна ИТ опрема, рече градоначалникот Александар Наумоски.
Пред десетина дена , општината прими донација од 320 смарт таблети и истите беа поделени во шесте основни училишта. Училишта добија по 53 таблети наменети за учениците кои и