Маж со нож наводно нападнал група полицајци кои патролирале на улиците во Авињон, Франција, по што полицајците отвориле оган, убивајќи го напаѓачот, пренесува РТ.
Нападот се случил приближно во 11:15 часот по локално време. Според француските медиуми, напаѓачот извикувал: „Алаху акбар“ додека трчал кон полицајците.
Полицијата првично употребила несмртоносна муниција за да го запре напаѓачот, но била принудена да отвори оган со вистинска муниција откако тој директно ги нападнал полицајците.
Инцидентот се случи кратко по нападот во базиликата во областа Нотр Дам во Ница, во кој три лица беа убиени од човек вооружен со нож.
Истрагата за инцидентот во Авињон е започната.
Во меѓувреме, француските дипломатски власти во Саудиска Арабија потврдија обид за напад со нож во конзулатот во Џеда.
— La France en Arabie (@FranceinKSA) October 29, 2020
Наводниот сторител бил приведен. Во инцидентот е повреден еден чувар кој е пренесен во болница.
„Напаѓачот беше уапсен од саудиските безбедносни сили веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност”, напиша француската дипломатска мисија во Саудиска Арабија на Твитер.